Работно време: 09:00 - 17:00
Локација: Скопје
Контакт: +389 78 201 589
Следете нѐ:
Top
Личниот податок како дел од Законот за заштита на лични податоци
6281
post-template-default,single,single-post,postid-6281,single-format-standard,mkd-core-1.0.3,highrise-ver-1.5,,mkd-smooth-page-transitions,mkd-ajax,mkd-grid-1300,mkd-blog-installed,mkd-header-standard,mkd-sticky-header-on-scroll-up,mkd-default-mobile-header,mkd-sticky-up-mobile-header,mkd-dropdown-slide-from-bottom,mkd-dark-header,mkd-full-width-wide-menu,mkd-header-standard-in-grid-shadow-disable,mkd-search-dropdown,wpb-js-composer js-comp-ver-6.4.2,vc_responsive

Личниот податок како дел од Законот за заштита на лични податоци

Согласно новиот Закон за заштита на лични податоци, во член 4 од истиот, се содржани различни видови на дефиниции поврзани со личните податоци. Под ставот 1 алинеа 1 е дадена јасна дефиниција за тоа што се’ спаѓа под категорија на личен податок: секоја информација која се однесува на идентификувано физичко лице (субјект на лични податоци), додека пак, физичкото лице кое може да се идентификува е лице чиј идентитет може да се утврди директно или индиректно, посебно врз основа на идентификатор како што се име и презиме, матичен број на граѓанинот, податоци за локација, идентификатор преку интернет, или врз основа на едно или повеќе обележја специфични за неговиот физички, физиолошки, генетски, ментален, економски, културен или социјален идентитет на тоа физичко лице. (Целосната содржина на Законот е достапна тука.) Оваа дефиниција остава многу простор за тоа што се може да се смета за личен податок, а со самото тоа, се шири и просторот за злоупотреба на истиот.

Што претставува личниот податок?

Приватноста на податоците како вид на заштита против злоупотреба на истите се однесува на тоа како треба да се постапува со дел или пак целосната информација, односно податокот врз основа на нејзината релативна важност. На пример, на голем број луѓе не би им пречело да го споделат нивното име со странец во процесот на запознавање и претставување, но има и други информации кои не би ги споделиле на првото запознавање. Сепак, доколку отвориме нова банкарска сметка, најверојатно ќе биде побарано од нас да споделиме огромна количина на лични информации, многу повеќе од само нашето име. Во дигиталната ера, обично се применува концептот на приватност на податоците на критични лични информации, исто така познати како лични информации за идентификација и лични здравствени информации. Ова може да вклучува броеви за социјално осигурување, здравствена и медицинска евиденција, финансиски податоци, вклучително и броеви на банкарски сметки и кредитни картички, па дури и основни, но сепак чувствителни информации, како што се целосни имиња, адреси и датуми на раѓање (за повеќе информации, прочитајте ја тука.

Механизми за заштита на личните податоци

Секојдневно сме сведоци на различни измами кои се случуваат со недозволено користење на нечии приватни податоци. На пример, прекршувањето на приватноста на податоците во владина агенција може, на пример, да стави строго тајни информации во рацете на непријателска држава, прекршувањето на приватноста на деловните податоци на една корпорација може да ги стави сопственичките податоци во рацете на конкурентот, прекршувањето на приватноста на личните податоци на учениците во училиште може да ги стави личните податоци за идентификација на учениците во рацете на криминалци кои би можеле да извршат кражба на идентитет или пак, прекршување на приватноста на здравствените податоци во болница или лекарска ординација може да ги стави личните здравствени податоци во рацете на оние кои би можеле да ги злоупотребат.

Затоа, мора да бидеме запознаени со механизмите на заштита и приватност против овие измами. Прв чекор кон тоа би било темелно читање на Условите за користење на било каква услуга од било каков социјален медиум, на пример, регистрација за учество на настан, гледање филмови или серии на веб сајт, пристап до отворање на било каква електронска пошта или профил, меѓутоа голем дел од луѓето воопшто не ги читаат овие Услови.

Понатаму, проверка на алатките за приватност на секоја социјална мрежа, како и проверка на веродостојноста на било кој веб сајт кој се користи за било каква употреба. Исто така, доколку сакаме да отвориме профил на некоја социјална мрежа, добро би било лозинката да не е лично поврзана со нас или нашите податоци, бидејќи така ќе се намали ризикот од несакано дејствување на нашите социјални профили од трети лица.

Бидете внимателни!

Треба да внимаваме и на тоа на кој ги доверуваме сите овие податоци, да се запознаеме со политиката на употреба на истите (без разлика дали има нужна потреба) и секогаш внимателно да ги разгледуваме сите документи што ги потпишуваме, без разлика на кој сме ги довериле истите претходно. Сите овие механизми се прилично едноставни и истите можат многу да придонесат за зголемена приватност и заштита на нашите податоци, а на нас останува само максимално да ги искористиме.

NEST работи на целосна имплементација на соодветни организациски и технички мерки во компаниите со цел да бидат GDPR Compliant, односно во склад со Законот за заштита на лични податоци. Нашите услуги се прилагодени според реалните потреби на секоја компанија. Закажете консултативна средба за сите прашања околу спроведување на регулативата во вашата компанија.