Работно време: 09:00 - 17:00
Локација: Скопје
Контакт: +389 78 201 589
Следете нѐ:
Top
Приватност на лични податоци во време на дигитална ера
6258
post-template-default,single,single-post,postid-6258,single-format-standard,mkd-core-1.0.3,highrise-ver-1.5,,mkd-smooth-page-transitions,mkd-ajax,mkd-grid-1300,mkd-blog-installed,mkd-header-standard,mkd-sticky-header-on-scroll-up,mkd-default-mobile-header,mkd-sticky-up-mobile-header,mkd-dropdown-slide-from-bottom,mkd-dark-header,mkd-full-width-wide-menu,mkd-header-standard-in-grid-shadow-disable,mkd-search-dropdown,wpb-js-composer js-comp-ver-6.4.2,vc_responsive

Приватност на лични податоци во време на дигитална ера

Сите ние живееме во време кога дигиталната технологија во голема мера влијае врз нашите животи, почнувајќи од начинот на кој се поврзуваме со другите луѓе, па се до тоа како го толкуваме светот.

Дигиталната трансформација овозможува да се собираат и анализираат огромни количини на податоци за да се генерираат подлабоки сознанија и повеќе лични искуства на луѓето. Сето тоа ни помага да постигнеме многу повеќе, но истовремено остава голем број податоци, вклучително и лични информации и сензитивни деловни записи кои мора да бидат заштитени.


Дигиталната ера и заштитата на податоци

Непоборлив е фактот дека дигиталната технологија е во многу напредно ниво и дека на овој или оној начин ни го олеснува животот, не поврзува со луѓето кои ни се блиски, иако можеби се далеку од нас, како и дека ни помага во прибирање и складирање на секаков вид на информации. Сепак, тука лежи јазот кој можеби никогаш нема да биде отплетен. Голем број корисници на различни социјални мрежи имаат пристап до секакви податоци и веќе не може да се направи дистинкција на квалитетна и веродостојна информација наспроти квази, односно лажна информација. Токму затоа, заштитата на доверливоста и приватноста на податоците, а посебно на личните податоци, стануваат се поактуелни.

На пример, голем број работодавачи во своите Договори за вработување вметнуваат одредба со која се забранува користење на стекнати податоци/информации кои можат негативно да влијаат и да го нарушат функционирањето на самата фирма, односно работното место. Исто така, како уште еден вид на заштита, е воведена и Обврска за доверливост каде сите лица кои имаат пристап до личните податоци во текот на работното време, се обврзани да работат исклучиво според упатствата кои се дадени од Контролорот на тие податоци и не смеат да ги злоупотребуваат личните податоци за нивна или за нечија друга потреба и цел (повеќе за заштитата на податоци може да прочитате тука)

Зошто е битна приватноста на личните податоци?

Најпрво, работодавците се чувствуваат безбедно при вработување на нови работници доколку се применуваат механизмите наведени погоре, односно се вметнува посебна одредба во Договорите за вработување, како и кога се воведува Обврска за доверливост. Понатаму, сите идни вработени лица од страна на било кој работодавач кој ги има вметнато овие механизми во политиките на вработување и работење, ќе стекнат голем степен на доверба поради доказниот факт дека нивните лични податоци нема да бидат користени надвор од потребната употреба, односно во рамките на работното место и времетраење и дека нема да бидат злоупотребени од страна на трето лице.

Исто така, потенцијалните клиенти кои би сакале да соработуваат со правни и физички лица, односно работодавци кои имаат имплементирано политики и механизми на работното место за приватност и заштита на податоците на нивните вработени и на нивните веќе постоечки клиенти, воопшто нема да се сомневаат во лојалноста на конкретните правни и физички лица, односно работодавци и оттука постои огромен простор за взаемна соработка и напредок.