Работно време: 09:00 - 17:00
Локација: Скопје
Контакт: +389 78 201 589
Следете нѐ:
Top
Улога на Офицер за заштита на лични податоци
6238
post-template-default,single,single-post,postid-6238,single-format-standard,mkd-core-1.0.3,highrise-ver-1.5,,mkd-smooth-page-transitions,mkd-ajax,mkd-grid-1300,mkd-blog-installed,mkd-header-standard,mkd-sticky-header-on-scroll-up,mkd-default-mobile-header,mkd-sticky-up-mobile-header,mkd-dropdown-slide-from-bottom,mkd-dark-header,mkd-full-width-wide-menu,mkd-header-standard-in-grid-shadow-disable,mkd-search-dropdown,wpb-js-composer js-comp-ver-6.4.2,vc_responsive

Улога на Офицер за заштита на лични податоци

Што всушност претставува Офицерот за заштита на лични податоци?

Согласно член 41 од новиот Закон за заштита на лични податоци, Офицерот за заштита на личните податоци може да биде секое лице кое е овластено од Контролорот или Обработувачот на личните податоци и тоа во секој случај кога:

  • обработката се врши од страна на орган на државна власт, освен за судовите кога постапуваат во рамките на нивните надлежности, а кои ќе определат офицер за друга обработка на личните податоци која се врши согласно со закон,
  • основните активности на контролорот или обработувачот се состојат од операции за обработка, кои поради својата природа, опсег и/или цели, бараат во голема мера редовно и систематско следење на субјектите на лични податоци или
  • основните активности на контролорот или обработувачот се состојат од обемна обработка на посебни категории на лични податоци или лични податоци поврзани со казнени осуди и казнени дела.

Во ставот 5 од истиот член е наведено дека за Офицер за заштита на личните податоци се определува лице кое:

  • ги исполнува условите за вработување определени со овој и со друг закон, 
  • активно го користи македонскиот јазик,
  • во моментот на определувањето со правосилна судска пресуда не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност, 
  • има завршено високо образование и 
  • има стекнати знаења и вештини по однос на практиките и прописите за заштита на личните податоци, согласно со одредбите од овој закон.

Назначување на Офицер за заштита на личните податоци кај правни лица

Најпрво, треба да се напомене дека во секое различно правно лице може да биде поставен Офицер за заштита на личните податоци и истиот може да биде интерно, односно внатрешно лице, еден од веќе вработените во правното лице, или пак, како Офицер може да се јави и надворешно лице, кое нема засновано работен однос со конкретното правно лице кај кое ќе биде ангажирано за извршување на обврските кои произлегуваат од оваа функција. На пример, доколку имате голема фирма, односно корпорација која ја надминува бројката на 250 вработени, секако дека е многу добра идејата да се назначи Офицер за заштита на лични податоци бидејќи шансите дека одредени лични податоци можат да бидат злоупотребени се многу поголеми отколку во некое мало претпријатие, односно фирма или правно лице кое има под 50 вработени. Секако дека и за помалите претпријатија би било добро доколку се назначи Офицер бидејки и бројката од 50 вработени и не е толку мала, така што и во овој случај може да дојде до злоупотреба на одредени лични податоци. Лицето кое ќе ја преземе функцијата на Офицер за заштита на лични податоци мора да биде пријавено во Агенцијата за заштита на лични податоци како надлежно тело бидејќи во истото се води посебен Именик на Офицери за заштита на личните податоци и истиот редовно се ажурира. Согласно член 69 од Законот за заштита на личните податоци, секое лице кое ќе биде назначено како Офицер мора да биде сертифицирано, односно да помине низ обука и испит за Офицери за заштита на личните податоци како би можело соодветно и навремено да си ја врши својата функција и обврските кои произлегуваат од истата.

Обврски и работа на Офицерот за заштита на личните податоци

Согласно член 43 од Законот за заштита на личните податоци, Офицерот има доделени работни обврски кои треба да ги извршува, а под истите спаѓаат:

  • ги информира и советува контролорот или обработувачот и вработените кои вршат обработка соодветно на нивните обврски според одредбите од овој закон,
  • ја следи усогласеноста со овој закон, со други засегнати закони кои се однесуваат на заштитата на личните податоци во Република Северна Македонија,
  • каде што е потребно, дава совети во однос на процената на влијанието на заштитата на личните податоци, 
  • соработува со Агенцијата,
  • дејствува како контакт точка за Агенцијата во однос на прашањата поврзани со обработката.

Исто така, Офицерот:

  • врши инспекции каде што е потребно,
  • редовно ја следи состојбата со нарушување на безбедноста во конкретното правно лице каде што е вработен,
  • извршува обработка на лични податоци кои се со висок ризик (повеќе за лични податоци кои спаѓаат под висок ризик може да прочитате во Правилникот за известување за обработка на лични податоци со висок ризик и истиот е достапен за преземање на: https://dzlp.mk/mk/podzakonski_akti под реден број 11).