Работно време: 09:00 - 17:00
Локација: Скопје
Контакт: +389 78 201 589
Следете нѐ:
Top
Nest - Network Equity Security Technology
5831
home,page-template,page-template-full-width,page-template-full-width-php,page,page-id-5831,mkd-core-1.0.3,highrise-ver-1.5,,mkd-smooth-page-transitions,mkd-ajax,mkd-grid-1300,mkd-blog-installed,mkd-header-standard,mkd-sticky-header-on-scroll-up,mkd-default-mobile-header,mkd-sticky-up-mobile-header,mkd-dropdown-slide-from-bottom,mkd-light-header,mkd-full-width-wide-menu,mkd-header-standard-in-grid-shadow-disable,mkd-search-dropdown,wpb-js-composer js-comp-ver-6.4.2,vc_responsive

Контакт Заштитете ја приватноста на вашите клиенти, вработени и соработници. Услуги Имплементација на технички и организациски мерки согласно Законот за заштита на лични податоци кај компании од различни индустрии.
Офицер за заштита на лични податоци

Офицерот за заштита на личните податоци (ОЗЛП) во согласност со важечкиот Закон за заштита на личните податоци (ЗЗЛП), се грижи за редовната пракса и усогласеност на компанијата со Законот преку проверки, анализи и сл.

Анализа на ризици

Собираме информации за да се идентификуваат операциите на обработка на податоци, правиме анализа на ризици, проценка на влијанијата и проверка на усогласеноста со прописите.

Имплементација на технички мерки

Техничките мерки треба да обезбедат ниво на безбедност коешто ќе биде соодветно на нивото на ризикот. Техничките мерки се однесуваат на заштита против различни закани кои можат да доведат до инцидент или повреда на безбедноста на личните податоци.

Имплементација на организациски мерки

Информираме и едуцираме за заштитата на личните податоци, правиме организациска структура со евиденција и начин на пристап до личните податоци.

Изготвување на правна документација и воспоставување на процедури

Врз основа на воспоставените правила, техничките и организациските мерки, ја изготвуваме правната документација согласно Законот за заштита на лични податоци.

Видео надзор, aнализа, цели, периодични извештаи

Правиме анализа на целите за кои се поставува видео надзорот притоа изготвувајќи детални извештаи во согласност со одредбите од Законот за заштита на личните податоци.

За Законот за заштита и тајност на лични податоци

Колку повеќе технологија се користи во секојдневието, толку повеќе приватноста на корисниците е под ризик. Согласно Законот за заштита на лични податоци, компаниите се должни да обезбедат соодветна заштита и тајност на личните податоци што ги обработуваат. NEST работи на целосна имплементација на соодветни организациски и технички мерки во компаниите со цел да бидат GDPR Compliant, односно во склад со Законот за заштита на лични податоци. Нашите услуги се прилагодени според реалните потреби на секоја компанија.

Зошто е потребно да направите имплементација на Законот за заштита на лични податоци?

Имајќи ги во предвид предизвиците со коишто се соочија странските компаниите при усогласување со GDPR, се претпоставува дека во слична ситуација ќе се најдат и македонските компании при усогласување со домашниот Закон за заштита на личните податоци.

Предноста од познавањето на европската пракса е тоа што може да се извлечат корисни поуки и примери, како да се надминат прашањата и потешкотиите и со тоа да се дојде до поуспешна и побрза имплементација на новите законски обврски и одговорности за заштита на личните податоци.

Ова се најважните причини зошто вашата компанија треба да направи имплементација на Законот за заштита на лични податоци.

Нашиот процес

Нашиот процес на имплементација на процедурата за заштитa на лични податоци се одвива во следните чекори.

Состанок

Закажуваме состанок од 1 час за подобро да се запознаеме со фирмата

Анализа

Правиме анализа на збирките на лични податоци, анализа на ризик

Техничка средба

Праќаме технички тим да имплеметира соодветни технички мерки

Правна документација

Изготвуваме правна документација и процеси

Обука

Правиме обука на вработените

Дали ја штитите приватноста во вашата компанија?

Ова се прашањата на кои треба да одговорите.

Ние го имаме одговорот.

Започнете со заштита на податоците во вашата компанија. Закажете консултативна средба со нашиот тим.

Последни новости

Бидете во тек со најновите вести од областа на имплементација на Законот за заштита на лични податоци.