Работно време: 09:00 - 17:00
Локација: Скопје
Контакт: +389 78 201 589
Следете нѐ:
Top
Бесплатни алатки за безбедност #1 | NEST
6329
post-template-default,single,single-post,postid-6329,single-format-standard,mkd-core-1.0.3,highrise-ver-1.5,,mkd-smooth-page-transitions,mkd-ajax,mkd-grid-1300,mkd-blog-installed,mkd-header-standard,mkd-sticky-header-on-scroll-up,mkd-default-mobile-header,mkd-sticky-up-mobile-header,mkd-dropdown-slide-from-bottom,mkd-dark-header,mkd-full-width-wide-menu,mkd-header-standard-in-grid-shadow-disable,mkd-search-dropdown,wpb-js-composer js-comp-ver-6.4.2,vc_responsive

Бесплатни алатки за безбедност #1

Ако вашиот бизнис штотуку започнува, можеби немате буџет што ви е потребен за да купите безбедносни алатки за да го одржите вашиот бизнис безбеден. За среќа, многу брендови нудат бесплатни верзии на нивните производи, за подоцна да можете да направите надградбата кон платена верзија кога ќе бидете подготвени.
За да го олесниме вашето пребарување, составивме листа на бесплатни алатки за сајбер безбедност во неколку различни категории. Исто така, важно е да се забележи дека многу бесплатни безбедносни алатки се наменети само за лична употреба или за самиот почеток на вашата компанија. Најбезбедно е да ги прочитате одредбите и условите за да се осигурате дека можете да ги користите комерцијално и во вашата компанија без притоа да имате непосакувани последици.

Најпрвин ве запознаваме со бесплатните алатки Антивирус софтвер и VPN софтвер и како најдобро да ги искористите истите.

Антивирус софтвер

Антивирус софтверот е одлична алатка кога сакате да се осигурате дека вашиот компјутер ќе биде обезбеден од вируси и сите други останати напаѓачи од страна на друг штетен софтвер, кои можат да направат огромен проблем на вашиот компјутер а воедно и на вашата компанија. Секако голема улога околу начинот на заштита е дали користите бесплатна или платена верзија на антивирусот, но во секој случај подобро е да се има бесплатен антивирус отколку да немате ништо.

Kaspersky Security Cloud е достапен за заштита на уреди кои поддржуваат Windows, Android и IOS. Бесплатната верзија вклучува само антивирусна заштита, но премиум верзиите вклучуваат VPN, управувач со лозинки и адаптивни безбедносни карактеристики за да ви овозможат максимално безбедносно искуство кога сте подготвени за надградба. Софтверот на Kaspersky доби еден од ретките совршени резултати на безбедносниот тест во 2021 година од Институтот AV-Test. Софтверот е лесен за преземање и ви овозможува да ја споделите заштитата со сите ваши уреди.
Превземањето на антивирусот е достапен на следниот линк.

Malwarebytes нуди бесплатен антивирусен софтвер исто така за уреди со Windows, Mac, Android и iOS. Вклучениот скенер не само што открива малициозен софтвер и вируси, туку може и да ги потенцира неискористените програми што го забавуваат вашиот уред. Премиум верзијата имплементира вештачка интелигенција (AI) и машинско учење (ML) за да ги заштити вашите уреди во реално време од новите закани. Malwarebytes дури може да блокира обиди за фишинг и да ве чуваат безбедни додека прелистувате на интернет со блокирање сомнителни страници.
Можноста за превземање на антивурусот е достапен тука.

VPN софтвер


Виртуелната приватна мрежа (VPN) помага да се заштити вашата приватност додека сурфате на интернет. Ја шифрира вашата IP адреса, овозможувајќи ви безбедно да испраќате и примате податоци и да ја маскирате вашата физичка локација.

ProtonVPN Free ви овозможува да изберете да го насочувате вашиот сообраќај низ три различни земји. Нема да ја евидентира вашата корисничка активност и нема ограничувања за податоците или брзината како што имаат многу бесплатни VPN. Платформата е исто така заштитена со швајцарските закони за приватност, што е одлично затоа што Швајцарија има едни од најдобрите закони за приватност на податоците во светот. Бесплатниот план е субвенциониран од платени корисници, што ви овозможува пристап до повеќе функции. Ако одлучите да надградите, ќе добиете пристап до сервери во 55 земји, повеќе функции и поддршка за најмногу десет уреди.
ProtonVPN e достапен за превземање на следниот линк.

Hotspot Shield Free VPN нуди воено шифрирање за IP-а на вашиот уред. Исто како ProtonVPN, Hotspot исто така користи платени корисници за да ги надомести трошоците за нивната бесплатна верзија, што значи дека не треба да се грижите за приватноста на вашите податоци. VPN нема да ги евидентира вашите кориснички податоци, а компанијата е многу транспарентна за себе и за нивниот софтвер. Hotspot Shield нуди една од најбрзите VPN на пазарот и не го ограничува преносот ако ви е потребен за лична употреба. Линк за превземање.


NEST работи на целосна имплементација на соодветни организациски и технички мерки во компаниите со цел да бидат GDPR Compliant, односно во склад со Законот за заштита на лични податоци. Нашите услуги се прилагодени според реалните потреби на секоја компанија. Закажете консултативна средба за сите прашања околу спроведување на регулативата во вашата компанија.